Home ВЕСТИ Јапонија од крвната плазма на рековалесценти развива лек за коронавирус

Јапонија од крвната плазма на рековалесценти развива лек за коронавирус

292
СПОДЕЛИ

Јапонската фармацевтска компанија „Такеда“ денес соопшти дека во моментов се развива лек за Ковид-19, што е дериват од крвната плазма.

Таа е во преговори со властите во Европа, САД и Азија за нивна соработка во истражувањето и нивната помош.

Болеста која има исти симптоми како грип има заразено над 90.000 лица ширум светот.

Истражувањето бара пристап до крвта на рековалесцент од Ковид-19 односно пристап до оние лица кои ќе бидат вакцинирани.