Home ВЕСТИ Кина ќе донира 200 респираторни машини за Македонија

Кина ќе донира 200 респираторни машини за Македонија

215
СПОДЕЛИ

Министерот за здравство Венко Филипче денес информираше дека Кина се понудила за помош и ќе донира 200 респираторни машини.

Исто така Кина ќе ги испрати и нивните експерти со разменување искуства со нашите епидемиолози бидејќи медицинскиот персонал моора да биде спремен да научи како да го користи апаратите.

Министерот изјави дека ситуацијата е под контрола и се следат сите препораки за новиот вирус но да се внимава бидејќи вирусот се шири и преку валкани раце не само преку воздухот, и дека тој останува активен повеќе денови на површините, па дури и на асфалтот.

Се информира дека денес во Италија по извршените контролни брисови се пронашло активност и на самите обувки.Безбедна дистанца е метар ипол до два.

Во Македонија до сега има заболено 18 пациенти, 10 од тие се луѓе од 55 годишна возраст.

И да внимаваме бидејќи младите лица се преносители на оваа болест и дека постарите лица се во критичната зона особено оние со хронични болести.