Министерот Наќе Чулев кој денеска беше во посета на СВР Тетово изјави дека оваа недела ќе пристигнат пасоши од Германија односно најдоцна до 24 Март.
Германската фирма Веридос која ги обезбедува овие пасоши е под постојан притисок и од нивна страна е ветено дека пасошите треба да бидат готови најдоцна за 10 дена.Треба да пристигнат над 100 илјади пасоши .
За да се задоволат сите потреби кон нашите граѓани потребно ќе биде да се зголеми бројот на извршители кој ќе бидат потребни за издавање и изработка на самите пасоши
.Пресметано е да е издаваат услуги до три илјади пасоши дневно бидејќи досегашната побарувачка за нови пасоши изнесува над 28 илјади.