Во средата почина 78 годишниот велешанец .Тој не бил примен на инфективното одделение и покрај неговата состојба која била многу лоша.
Од страна на неговите роднини било побарано да се направи тестирање за корона вирусот и брис му бил земан во вторникот а доцна вечерта му се влошила состојбата но тој не бил промен на инфективното одделение .
Внуката на починатиот дедо вели дека состојбата на дедото била многу лоша и дека тој плукал крв ,бил омалаксан со температура и кашлица .
Тие биле во итна помош но од таму одбиле да го однесат во болница и кога сами го однеле дедото во болница докторот кој бил на смена не сакал да го прегледапациентот.Докторот констатирал дека тоа не се симптоми на вирусот и повторно го вратиле дедото дома.
Набрзо од како стигнале дома состојбата му станала уште полоша не можел да дише и по кратко време починал.
Од раководството на велешката болница се негира дека пациентот не бил примен и дека не бил прегледан.
Докторот кој бил на смена вели дека тој констатирал хроничен бронхит а ја спровел и задолжителната епидемиолошка анкета.
По добивањето на резултатите од тестот кој бил позитивен на корона вирусот биле повикани роднините на починатиот.