Home ВЕСТИ Полицискиот час во петок, сабота и недела ќе почнува во 14 часот

Полицискиот час во петок, сабота и недела ќе почнува во 14 часот

234
СПОДЕЛИ

Во пресрет на првомајскиот викенд карантинот ќе стартува од 14 часот.

Владата денес одлучи да нема тридневно целосно ограничување на движењето на граѓаните.

Во петок, сабота и недела движењето ќе биде дозволено од 5 часот изутрина до 14 часот попладне.

Посебни мерки ќе важат и за старите и младите лица.

За граѓаните над 67 години полицискиот час ќе стартува од 11 часот, додека лицата до 18 години ќе може да се движат од 12 до 14 часот.

Во целиот овој период и натаму ќе важи секоја донесена одлука во врска за оврската за носење на заштитна маска во затворени простории и на отворено онаму каде што не може да се одржи растојание од два метри.

Филипче потенцира дека токму овие мерки даваат конкретни резултати. растот на новозазени е во очекуваните бројки, а бројот на излекувани лица секојдневно расте.