Лидерот на СДСМ Зоран Заев доколку ја добие довербата од граѓаните на изборите на 12 април вети дека ќе има 100.000 нови работни места, просечна плата од 600, и минимална од 300 евра.
Тој додаде дека за две ипол години успеале да отворат конкретни, јасно видливи работни места, но доколку добие полн мандат од четири години тоа ќе бидат и над 100.000 нови работни места.
Поддршката за домашни и странските инвестиции ја зголемуваме и ќе ја проектираме на 300 милиони евра до крајот на нашиот мандатот. На ова ќе додадеме уште 300 милиони евра европски средства за развој на домашната економија. Вкупно 600 милиони евра за развој на бизнисот, за развој на фирмите, за нови работни места, за иновации,за младите…., рече Заев.
Заев додека дека за да вложиш во човечкиот капитал е вистинскиот пат и затоа платите на вработените во образованието ќе се зголемат за 20 отсто.
-Сите услови се подобрени за работа во ИТ индустријата која е генератор на илјадници доброплатени работни места.
Според економската програма 20-24, за младите и за жените ќе се обезбедат грантови од 5 до 15.000 евра за отворање на нови компаннии, а доколку фирмата се соочи со неуспех државата ќе го преземе поголемиот дел од ризикот. Ќе се враќаат и персоналниот данок за нововработени до 29 години во првите две години, а парите ќе одат директно на смеките на младите.
Освен тоа, Заев најави и рационализација на јавната администрација, бидејќи, на Македонија и е потребна квалификувана и ефикасна јавна администрација.