Home ЗАНИМЛИВОСТИ Загрижени сме и имаме маски, но не паничиме: Познатите за Коронавирусот

Загрижени сме и имаме маски, но не паничиме: Познатите за Коронавирусот

447
СПОДЕЛИ

Откако вчера министерот за здравство Венко Филипче информираше дека во Скопје една пациентка е заболена и се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје нашите домашните јавни личности велат дека не треба да се крева паника без потреба околу Коронавирусот.

Поп-пејачката Тамара Тодевска ни даде одлична изјава „ Се разбира сите треба да бидеме претпазливи, но потполно е непотребно е да се создава било каква паника“,  нејзината сестра Тијана Дапчевиќ е со сличен став .

„ Воопшто не се плашам што сум добро информирана дека од Коронавирисот најчесто заболуваат лица над 80 години на кои што им е многу по слаб имунитетот. Ужасно ме нервира тоа безпотребно ширење на паника.

На Балканот според мене вирусот не може да се прошири со таа брзина, иако медиумите се праплавени со вестите за него.Немам негативно искуство со некој вирус, и мислам дека маските на нас кои што не сме заболени не воопшто да ни помагаат. Маски треба да носат заболените кои се под инкубација “, вели Тијана Дапчевиќ.

Според Оперската пејачка Весна Ѓиновска- Илкова  кај нас вирусот е подценет.

„ Сметам дека го потценуваме вирусот-вели таа. Ако се случува генерално епидемиски грип неопходна е превенција нели?Но сепак мојата превенција е во текот на зимата целосно.Пијам многу течности, лимони, С витамин, колку што можам често сум на планина.Вирусот кој што беше актуелен зимава и мене не ме заобиколи, но некако на нога го поминав. Мора да се внимава на себе и на своите“, ни изјави Весна Ѓиновска- Илкова.

Нашата поп-пејачката Ребека Јанкоска- Ристевски која е и основач на здружението за ретки болести „Дајте ми крилја“, вели дека таа заедно со нејзиното семејство се особено претпазливи. Таа изјави дека до сега имала лошо искуство со стомачен вирус кој го поминале многу лошо.

Нашата Кристина Арнаудова која е позната по тоа што одговорно се грижи за своето здравје и задрвјето на своите најблиски вели дека дома имаат маски и средства за дезинфекција но дека во ниту еден момен не покажуваат паника и дека за среќа сите од нејзиното семејство се со јак имунитет.