Поради ситуацијата во нашата земја се случува се почесто да наидиме на празни полици за брашно и квасец во нашите маркети.Па поради тоа ние ќе ви дадеме добар рецепт по кој ќе го направите најдоброто лепче до сега.
Потребни сосотјки :
- 500g брашно (по избор)
- 310ml млеко
- 2 лажици прашок за печиво
- 2 лажици масло
- 1 лажица сол
Како да го подготвите:
Рерната да биде загреана на 200 степени.
Се мешаат сувите состојки односно брашното, прашокот за печиво и солта.Во нив се додаваат млекото и маслото и се замесува со рака. Гледајте тестото да не биде премногу дебело за да може полесно да се испече.Од како добро ќе го измесите ставете го тестото во калап и ставете да се пече 40-50 минути.
При замесување на лебот да напоменеме дека можете да ставите различни семки по ваш избор.