Лошата исхрана влијае врз нашето здравје и тоа што секојдневно го примаме исто така влијае на нашето расположение.
Создавањето на бубрежните камења исто така може да биде предизвикано од одредени прехранбени продукти кои можат да го зголемат нивниот раст,или пак да го намалат, ризикот за создавање на бубрежни калкулуси .Сето тоа зависи од самите нас што јадеме во текот на еден ден.
Сите добро знаеме доколку имаме проблеми со камења во бубрегот потребно е да внесуваме минимум две литри вода во текот на денот.
Лимонада,свежиот сок од портокал и други цитрусни пијалаци го спречуваат формирањето на бубрежните камења благодарение на цитратот што го содржат.
Јајцата, месото, рибата, а особено животинските изнутрици како на пример бубрези, црн дроб, мозо, содржат пурини кои во организмот го зголемуваат зголемувањето на камен во бубрегот.
Консумирање на спанаќ, црн чај,благи производи, кока-кола, јаткасти плодови, кафе и др. исто така треба да се внимава во колкава количина се внесуваат затоа што имаат високи концентрации на оксалати и го зголемуваат создавањето на камења во бубрегот.
Избегнувајте секаков вид на консумирање на секаков вид на брза храна како на пример хот дог , конзервирана храна, преработена замрзната храна, месни производи како салама, чајна, сланина и др.