Најчеста болест во аналниот регион се хемороидите кои зафаќаат половина од популацијата.Тие најчесто се појавуваат на возраст над 50 години, и независно од полот.
Доколку се соочувате со оваа болна ситуација ќе ви предложиме неколку третмани кои може да ви ги ублажат симптомите или пак целосно да ги излечите вашите хемороиди.
-Јадете храна која е богата со растителни влакна заедно со доволно количество на вода затоа што тоа ќе ја омекне столицата и ќе ви помогне при нејзиното исфрлање а со тоа ќе се намали притисокот врз хемороидите. Исто така треба да конзумирате брокула, грав, пченица, овесни трици и свежо овошје затоа што во сите тие има растителни влакна .
-Сите физички активности и секојдневното пешачење го стимулираат работата на дебелото црево.
-Никогаш не го одложувајте одењето во тоалет.Додека чуствувате потреба за празнење на цревата направете го тоа веднаш затоа што столицата може да се повлече и подоцна да предизвика зголемен напор при празнење и притисок врз хемороидите.
-Не користете сува тоалетна хартија бидејќи таа е непријател на хемороидите.Секогаш хартијата навлажнете ја со малку вода или пак користете влажни марамици кои не содржат алкохол во нив.