Home ВЕСТИ Потврдени 66 нови случаи на Ковид-19, вкупно во земјава 974

Потврдени 66 нови случаи на Ковид-19, вкупно во земјава 974

230
СПОДЕЛИ

Пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ Министерството за здравство информира дека денеска пристигнал резултатот од брисот кој покажал дека е позитивен на Ковид-19. Пациентката беше 76 години,од Скопје.Таа била примена во болница со симптоми на вирусот.

Денеска исто така пристигнаа 12 теста на 12 пациенти од Скопје кои по втор пат се негативни на контролните теста.Тие се лечеа во домашни услуви.

Денеска се потврдени нови  66 случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-10, Куманово-27, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-4, Велес-2, Охрид-5, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.Исто така во последните 24 часа се направени нови 500  теста.

Со новите потврдени случаи  на Ковид-19 во нашата земја вкупниот број сега изнесува  974 лица.Бројот на заразени според градови е:
       Скопје – 339
       Куманово – 262
       Дебар – 49
       Штип-31
       Прилеп –89
       Тетово – 43
       Струга – 47
       Велес – 36
       Битола –9
       Охрид –9
       Кавадарци – 3
       Гостивар –10
       Гевглелија – 4
       Струмица – 2
       Крива Паланка-4
       Радовиш – 4
       Крушево – 3
       Кочани – 25
       Пробиштип – 2
       Кичево – 1
       Неготино -2