Home ВЕСТИ Ново време за траење на полицискиот час во работни денови но и...

Ново време за траење на полицискиот час во работни денови но и за време на викенд

290
СПОДЕЛИ

На утрешниот ден ќе се расправа за поголемо релаксирање во однос на полицискиот час кој во Македонија беше воведен поради  епидемијата на корона вирусот.

Министерот за здрвство Венко Филипче даде предлог полицискиот час кој до сега започнуваше од 16 часот тој сега да почнува од 19 часот и да трае до 5 часот наутро.

Поголемо олеснување да има и за старите лица кои се над 67 годишна возраст кои ќе можат да ги вршат својте обврски од 8 часот наутро до 12 часот на пладне во сите работни денови,додека сите деца и младите до 18 години да можат да излегуваат од 13 до 16 часот.

Измена ќе има и во полицискиот час за викенд.

Полицискиот час за време на викенд ќе започнува во сабота од 13 часот и ќе трае до 5 часот наутро во понеделник.

Филипче вели иако полициски час ќе трае пократко морално е да се применуваат сите мерки за заштита,а тоа подразбира носење на маски,шалови во затворен простор, додека пак, надвор задолжителна социјална дистанца од 2 метра.

Во вчерашниот ден Премиерот Оливер Спасоски даде изјава дека од 1 мај ќе се намалат сите рестрикти.вни мерки но тоа ќе се одвива постепено