Повеќе граѓани од нашата земја синоќа реагираа дека нешто чидно се случува на небото.Вистинската “мистерија”привлече повеќе прашања дали се тоа метеори, дронови или пак вистината е сосема друга.
Всушност станува збор за телекомуникациски сателити која се нова класа наречени “Старлинк”.Тие се сопственост на Елон Маск од компанијата Спејс Икс (SpaceX).
Од Скопското астрономско друштво имаме најава дека во моментот биле лансирано околу 60 сателити одеднаш а биле пуштени 5 ракети кои имале 60 сателити а во иднина треба да се лансирани 12 000.
Оваа компанија првите 60 сателитеи за прв пат ги лансирала во вселената лани во месец мај а целта на сетоа тоа е создавање мегаконстелации кои на светското население може да му овозможат евтин широкопојасен пристап до интернет.
Над многу наши градови граѓаните не останаа рамнодушни на оваа појава а ние ќе ви прикажеме неколку видеа и фотографии.