
Македонија последното деноноќие изгуби 5 лица поради копликации од коронавирусот.
Двајца пациенти од починатите се од Куманово на 52 и 53-годишна возраст, едниот починал дома, а другиот на Инфективна клиника.
На клиника исто така борбата со вирусот ја загубиле и 3 жени.Една од нив е 65 годишната пациентка од Лабуништа Струшко,една пациентка од Челопек – Тетовско која почина на 62 години и третата жена е 81-годишна штипјанка.
До сега во нашата држава има 26 смртни случаи како последица на Ковид-19 .










