Home ВЕСТИ Заболениот од коронавирус во Хрватска гледал Лига на шампиони во Милано

Заболениот од коронавирус во Хрватска гледал Лига на шампиони во Милано

238
СПОДЕЛИ

Во Хрватска пред неколку дена беше потврден првиот случај на коронавирус.Пред да биде примен на лекување тој на 19 феврури 2020 бил на годишен одмор во Милано каде што го следел натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија во Лигата на шампионите.

Од компанијата Ериксон Никола Тесла, каде што тој бил во работен однос потврдија дека тој навистина бил присутен на „Сан Сиро“.

После патувањето тој се вратил на работното место во Загреб.

Со симптоми на болеста и влошено здравје во неделата напладне семејството го пријавило во болница и тој веднаш бил хоспитализиран, а по испитувањето е утврдено дека има присуство на коронавирусот во неговиот организам.

На фудбалскиот натпревар во Милано каде што го следел натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија во Лигата на шампионите биле присутни повеќе од 50.000 лица па поради таа причина се стравува од забрзано ширење на овој вирус во различни земји ширум Европа.