
Граѓаните во Шид се во постојан страв и немир.Тие се многу вознемирени поради тоа што пред неколку дена мигранти ги нападнаа неколку домови и имоти.
Поради тоа претседателот на Србија, Александар Вучиќ им соопшти на граѓаните дека од утре нивото на јавниот ред и мир ќе биде зголемено.Ќе се поспостават безбедни зони за сите граѓани во Шид.

Српски “Telegraf” денес напиша дека мигрантите почнале да стануваат насилни и нервозни и да им упаѓаат во домовите па министерот за внатрешни работи, Небојша Стафановиќ бил повикан да прати посебни единици на полицијата во Шид за да се обезбедат мир и луѓето да не бидат заложници на големиот бројот на мигранти кои чекаат да преминат на територијата на Хрватска”, рекол Вучиќ.










