Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Овој напиток ги топи маснотиите на стомакот, а се пие пред спиење

Овој напиток ги топи маснотиите на стомакот, а се пие пред спиење

103
СПОДЕЛИ

Доколку имате премногу маснотии во пределот на стомакот постои поголеми шанси за срцево заболување.

Подолго пешачење,трчање, возење велосипед, пливање – секоја форма на вежбање која што го забрзува работењето на срцето е добредојдено ако сакате да се ослободите од вишокот маснотии во пределот на стомакот.

За да го забрзате овој процес додадете само неколку одредени намирници во исхранта, но и чаеви кои ќе помогнат, особено ако ги пиете пред спиење.

Напитоци што ги топат килограмите и можете да ги пиете пред спиење се :

Краставица, лимон, магдонос

Оваа комбинација од пијалак лесно можете да го подготвите во сопствената кујна, а не се потребни специјални состојки и веројатно сè што ви е потребно веќе го имате дома.

Краставиците создржат мал број на калории и големото количество вода. Магдоносот, е природен диуретик ги содржи витамините А, Б, Ц кои го контролираат задржувањето на водата на организмот додека спиете. Лимонот ќе му даде на пијалакот предобар вкус, а исто така му помога на дебелото црево и дигестивниот систем да работат подобро. Ставете ги сите состојки заедно во блендер, додадете вода и изблендирајте. Напитокот консумирајте го секоја вечер пред спиење.

Зелен чај

Вежбањето и конзумирањето на зелениот чај одат рака под рака и помагаат во побрзото согорување на маснотиите од стомакот. Зелениот чај е вистински додаток на антиоксиданти кои го спречуваат таложењето на штетните материи во организмот. Сварете го пред спиење, а чајот ќе си ја заврши својата работа додека вие сонувате.

Чај од ѓумбир

Една топла шолја од овој пијалак пред секое спиење ќе го подобри варењето на храната, ќе ја смирува надуеноста и другите проблеми, а здравото варење ќе помогне кај губењето на килограмите.Овој чај ги елиминира сите токсини од организмот, што може да ги апсорбира основните хранливи материи.