
Редовно консумираме на овошје и зеленчук, особено она што е богато со витамин С го подобрува, додека едноличната исхрана ја ослабува способноста на организмот да се избори со болестите.
Цинкот го сведува до минимум траењето на настинката, а го има во јагнешкото,свинското месо, во семките и во оревите, во житариците и во морските плодови.
Секој од нас сака да помине здрава зима и да не се разболува често.Затоа направете го овој рецепт, кој служи како вистинска витаминска „бомба“.
Потребни ви се:
- 100грама суво грозје
- 150грама ореви
- 100грама бадеми
- сокот и кората од 2 органски лимони
- 100грама суви кајсии
- 100грама суви сливи
- 250-300грама мед
Треба добро да се сомелат сувото грозје, оревите, бадемите и лимоновата кора, да се додаде сокот од лимон, измешајте и ставете ги измелените суви сливи и кајсии.
Добро измешајте и додадете го медот.
Одкако ќе ги измешате сите состојки заедно ставете ја смесата во тегла и оставете ја да постои на темно место ден-два, па потоа преместете ја во фрижидер.
За деца постари од 3 години препорачливо е по една лажичка два пати дневно, а возрасните по една до две лажички три пати дневно.