Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција потврди дека е донесено соопштение до директорите на средните училишта и издадена е наредба своите планирани патувања и екскурзии во Република Италија да ги откажат или пак да ги одложат на неопределено време.
Шилегов изјави дека во градот Скопје уште пред една недела се преземени превентивни мерки за заштита на здравјето на средношколците и спречување на ширењето на корона вирусот во средните училишта и исто така истакна дека кон крајот на оваа недека во сите училишта ќе биде воведен едукативен час за превенција од вирусот согласно со препораките на Светската здравствена организација и Владата на Република Македонија.
Шилегов апелира до сите граѓани но и до инститѕциите да не се крева паника и да се почитуваат упаствата кои ги издава Министерството за здравство.