Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Летен десерт без печење: Лимон чизкејк

Летен десерт без печење: Лимон чизкејк

507
СПОДЕЛИ

 

СОСТОЈКИ

За основата

250 грама кекс (2 пакетчиња интегрален кекс Despina)
100 грама путер
прстофат сол

За кремот со лимон

400 гр крем сирење
50 гр шеќер во прав Витаминка
1 конзерва засладено кондензирано млеко
100 мл сок од лимон
200 мл слатка павлака

За преливот

4 жолчки
180 гр шеќер во прав Витаминка
100 гр путер
100 мл сок од лимон
1 лажица рендана кора од лимон

ПОДГОТОВКА

  1. Како најшрво треба да ги иситнете кексите во блендер.Потоа  додајте 100 грама растопен путер и прстофат сол. Промешајте ги добро со лажица.
  2. Смесата ќе ја префрлете во калап со обрач кој се вади.Треба добро да се разнесе насекаде рамномерно по дното со помош на рацете или помагало со рамно дно натапкајте ја.Потоа ставете ја во фрижидер да се зацврсти.
  3. За подготовка на филот потребно ви е длабок сад.Ќе го ставете крем сирењето и кондензираното млеко и измешајте ги со миксер.Потоа се додава лимонот и повторно се миксира за да се  добие хомогена смеса.
  4. Во друг сад се мати слатката павлака за да добиете густа пена.
  5. Малку по малку од пената додавајте во смесата и со лажица бавно соединувајте ги. Не мешајте агресивно за да ја задржите воздушестата структура.
  6. Извадете ја основата од кекс од фрижидерот и над неа рамномерно нанесете го филот. Измазнете ја површината и повторно ставете го калапот во фрижидерот.
  7. За финалниот слој, во тенџере измешајте ги сите состојки за преливот (путерот е пожелно да биде растопен). Ставете го тенџерето на многу тивок оган и мешајте со маталка. Гответе на ниска до средна температура околу 10-15 минути, а притоа постојано мешајте. Ќе знаете дека е готово кога смесата ќе започне да се згуснува. Откако ќе ја тргнете од оган, исцедете го преливот преку цедалка за да добиете максимално мазен финиш.
  8. Минимално оладете го добиениот жолт прелив и пред да започне премногу да се згустува, прелијте го врз чизкејкот.
  9. Оставете го десертот да се лади најмалку 4-5 часа пред консумирање. Служете го ладен.
  10. За декорација можете да користете шлаг пена,или пак  тенки парчиња лимон или секакво сезонско овошје.