Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Симптоми на кламидија кај жени

Симптоми на кламидија кај жени

431
СПОДЕЛИ

СИМПТОМИ

Повеќето кои се заболени со кламидија имаат благи или пак  немаат никакви симптоми. Тоа е поричина поради која тешко може да се открие оваа болест без соодветни тестови.Кога симптомите се присутни кај една жена, тие се појавуваат во период од 1-3 седмици по сексуалниот контакт со инфицираната личност.

Симптоми на кламидија кај жени

  • Абнормален вагинален исцедок кој може да има непријатна миризба;
  • Печење за време на мокрење;
  • Абнормално крварење меѓу менструалните периоди или по сексуален однос;
  • Болки при сексуален однос (диспареунија);
  • Болки за време на менструација;
  • Нерегуларно менструално крварење;
  • Абдоминална болка проследена со температура;
  • Чешање или печење во или околу вагината;
  • Ректален исцедок, болка или крварење од анусот.