
На денесшното судење Боки 13 нуди дуќан и дел од куќа за да излезе од притвор. Имотот е проценет на близу 150 илјади евра и е гаранција дека тој нема да побегне. Укинување на притворот се бара од Апелациониот суд. Смета дека заканите на обвинителката Вилма Русковска, за тресење од гаќи, по укинување на притворот на Катица Јанева, не треба да имаат влијае врз одлуката на апелационите судии.
Понудениот имот кој се нуди во замена за укинување на притворот, бил на роднини на Јовановски.
„Таа гаранција е од неговите најблиски роднини, од неговата мајка која што ја има добиено по пат на нејзино наследство, и од неговиот неподвижен прв братучед кои што се сигурни дека обвинетиот нема да се даде во бегство и затоа ја даваат таа гаранција“, изјави Сашко Дуковски, кој е адвокат на Бојан Јовановски.
Во меѓувреме, поради отсуство на бизнисмеите Владимир Тодоровиќ и Дејан Панделески сведоци понудени од Јовановски, втор ден по ред се одложува судењето за Рекет.На рочиштето во понеделник треба да сведочи Сергеј Варошлија кој е близок пријател на Јовановски.










