Home ВЕСТИ Бројот на заболени од коронавирус во Кина опаѓа, расте во Европа, САД...

Бројот на заболени од коронавирус во Кина опаѓа, расте во Европа, САД и Блискиот исток

242
СПОДЕЛИ

Додека кризата со коронавирусот во Кина беше на прво место сега тој е во опаѓање,но бројот на заболени расте и продолжува да се шири во земјите на Блискиот исток, Европа и Соединетите Американски Држави. За жаришта се уште се сметаат истите места Јужна Кореја, Иран, Италија и Јапонија.

Казахстан неодамна затвори две пристаништа во Каспиското море за сите бродови кои доаѓаат од Иран и Азербејџан во обид да го спречи ширењето на овој вирусот.

Бројот на починати во Италија, пак, се искачи на 79 лица. Во Јужна Кореја вкупно заболени се регистрирани 5328 лица, а Украина и Мароко деновија јавија дека имаат прв потврдени случаи на нивна територија.