Home ВЕСТИ Полицијата запре полно комбе со мигранти – апсење кај Радовиш

Полицијата запре полно комбе со мигранти – апсење кај Радовиш

219
СПОДЕЛИ

Утрово некаде околу 08:50 часот на регионалниот пат Струмица –Радовиш, кај клучка Радовиш, полициски службеници запреле товарно возило „фолксваген “ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(43) од Скопје.

При преглед на ova возило во товарниот дел биле пронајдени вкупно 43 лица – мигранти. Д.Ѓ од Скопје бил веднаш приведен и однесен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.