Home ВЕСТИ Короната не се предава: Бројот на починати во Италија се искачи на...

Короната не се предава: Бројот на починати во Италија се искачи на 107, нов крузер во карантин!

79
СПОДЕЛИ

Бројот на заболени во Италија постојано расте .Денес е соопштено дека се искачил од 2.502 на 3.090.

Корона-вирусот напрво во Уталија с епојави пред 13 дена на север од земјата, но во меѓувреме се прошири на 19 од 20 региони. Денес патниците на уште еден крузер се заробени и речено им е да не заминуваат откако претходен патник бил позитивен на тестот за коронавирусот.

Капетанот на „MSC Opera“ се огласил дека повеќе од 2.000 луѓе не смеат да го напуштат бродот кој се упатил кон Крф.

Патниците се повикани од екскурзијата бидејќи тоа се должи на „безбедносните проблеми“.

Кога повторно биле вратени на бродот,се потврдило дека еден патник кој бил на бродот минатата недела бил тестиран и бил позитивен на коронавирусот.

Веста била објавена откако рутата на бродот веќе двапати била сменета поради тоа што владите ги ажурирале своите ограничувања за патувања.

Патникот за кој станува збор дека е позитивен на тестот е Австриец.