Home ВЕСТИ Австралијците оптимисти дека забавува ширењето на вирусот

Австралијците оптимисти дека забавува ширењето на вирусот

266
СПОДЕЛИ

По изјавата на неколку здравствени австралиски функционери додјовме до заклучок дека изминатиов период доаѓа до забавување на ширењето на коронавирусот во земјата.

Но тоа не значи дека ограничувањата за социјална дистанца ќе биде прекината .Тие изјавија дека уште со месеци ќе останат тие мерки во сила.

Во изминатиот ден бројот на новозаразени случаи е зголемен на 181.Вкупниот број на заразени има 5.635 а бројот на починати изнесува 34 лица.

Директорот за здравствена заштита на Нов Јужен Велс, Џереми Меканулти вели дека тоа за сега е добар знак затоа што дневната стапка на заразени е под пет проценти и дека кривата почнала да се израмнува.

Иако има подобрување Министерот за здравство Грег Хант предупреди дека и покрај овие добрите знаци, Австралијците сепак треба да се придржуваат до мерките и да држат растојание од другите луѓе во наредните шест месеци.

Грег за „Скај њуз“ во Австралија изјави дека за сите ова е тежок шестмесечен период но дека мора да се издржи за доброто што следи!