Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Зошто е добро да јадете јајца?

Зошто е добро да јадете јајца?

252
СПОДЕЛИ

Јајцата се една од најдобрите намирници кои може да ги внесеме во нашиот организам во текот на денот.

Еве неколку добри причини зошто да јадеме јајца:

-Пред се треба да знаете дека јајцето е добро за нашите очи.Доколку јадете минимум едно јајце на ден ја намалува можноста за појава на дегенерација на очните мускули и со тоа шансите да добиете катаракта се намалуваат за 50%.

– Јајцата се најдобрите извори на витамин Д кој е неопходен за апсорпција на фосфорот, која е важна состојка за коските и забите.Со консумирањето на едно јајце на ден ги храните коските и ги храните мускулите.

-Јајцата имаат малку калории и помагаат да имате заситен апетит во остатокот од денот па така доколку имате вишок калории после напорно вежбање, дозволете си тврдо варено јајце и изедете го без грижа на совеста.

– Јајцата се полни со витамини и минерали и го зајакнуваат нашиот имунитет. Јајцата содржат многу витамини како витамините А, Б6 и Е, тијамин, рибофлавин, фолат, железо, фосфор, селен, магнезиум, многу важни состојки за здравјето.