
Регулаторната комисија за енергетика донесе сопштение дека од денес по полноќ ќе поетинат бензините со три,додека дизел горивата за 2,5 денари по литар.
Сега цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 64 денари а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66 денари.
Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 56, а Екстра лесното масло за домаќинства(ЕЛ-1) за 45 денари.
3,175 денари поевтинува мазутот М-1 НС, еден килограм ќе чини 30,390 денари.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 10,40%, кај дизелот за 9,63%, кај екстра лесното масло за 9,47%, а кај мазутот за околу 12,01%. Во исто времедобивме најава дека курсот на денарот во однос на доларот е намален за 0,35%.










