По зададената опција за донирање на парите од повратот на платениот ДДВ тоа го направиле над 1.900 граѓани.
Самите граѓани имаат право на избор односно сите корисници на оваа апликација Мој ДДВ можат да изберат дали сакаат да ги задржат парите кои ќе се исплаќаат за скенирани сметки за првото тримесечје односно за јануари, февруари и март.
Доколку решат да донираат тие учествува во борбата против корона вирусот.Доколку не учествуваат во оваа донација тие за остварениот износ за поврат на ДДВ во првото тримесечје во оваа година треба да го добијат најдоцна до 5-ти мај 2020 година.