
Одржувањето на хигиената во интимната зона кај секоја жена е екстремно важно поради тоа што тоа не прави да се чуствуваме почисто и посвежо но со самото одржување на хигиена на вагината се избегнуваат непријатните и понекогаш опасни здравствени проблеми кои можат да се појават.
Могу жени или пак девојки често се прашуваат како да ја чистиме вагината.
Мора да знаете дека вагината мора да се мие минимум еднаш во денот.
Доколку имате менструација мијте се почесто.
Никогаш не користете обични сапуни и гелови за туширање.
Бидејќи тие можат да предизвикаат иритација, чешање, болка, непријатна миризба, абнормален исцедок или инфекција.
Секогаш чистете ја вашата интимна област само со вода, или доколку имате шампон за интимна нега кој е без парфем.
Секогаш носете памучна долна облека бидејќи таа и помага на кожата да дише.
Синтетичките материјали кои ги носиме го спречуваат циркулирањето на воздухот на вагината и ја зголемуваат влажноста во интимната зона и на тој начин се создаваат голем број на бактерии.
Задолжително треба да се мие интимниот дел после секс.