Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА На што треба да внимавате за да имате рамен стомак

На што треба да внимавате за да имате рамен стомак

557
СПОДЕЛИ

Секој од нас има проблеми со пределот на стомакот или пак сите сакаме да имаме рамен стомак.

За да се ослободиме од вишокот на масноти ќе ви предложам неколку намирници кои сите треба да ги имаме и да бидат на нашиот список при пазарење.

Но постојат “подли” намирници кои наизглед изгледаат здраво, но и те како можат да ги зголемат масните наслаги на стомакот, а еве кои се тие:

Житните плочки

-Житните плочки не се воопшто здрава замена за вистинските чоколадни плочки. Тие имаат лоши прехранбени вредности и често содржат многу шеќери.

Обидете се газираните пијалоци да ги замените со природни сокови

-Свежо цедените сокови содржат само овошни шеќери,додека куповните сокови содржат и дополнителен шеќер.

Сокта сведете ја на минимум

Без сол нема вкусно јадење но бидете многу внимателни.Преголемото конзумирање на сол го зголемува крвниот притисок и предизвикува таложење на вода кое може да резултира со неколку килограми плус на вагата и тоа дневно.Избегнувајте многу солени јадења и особено одбегнувајте ги готовите јадења кои дефинитивно содржат најмногу сол.

Дефинитивно јогурт без лактоза наместо обичен јогурт

-Различните овошни и полномасни јогурти кои можат да се најдат во секоја продавница содржат голема количина на индустриски шеќер, а поради високиот удел на лактоза може да предизвикаат надуеност и проблеми со дигестивниот тракт. Секогаш консумирајте незасладен природен јогурт или варијанта без лактоза.