Home ВЕСТИ Превенција на рак на дојка: Што можете да направите?

Превенција на рак на дојка: Што можете да направите?

218
СПОДЕЛИ

Секоја жена треба да е добро информирана за оваа болест која станува се почеста, бидејќи никоја од нас не е имуна. Ракот на дојка е најчестиот канцер кој се појавува кај жените.Во нашата земја на годишно ниво има околу 750 заболени од оваа болест додека бројот на починати изнесува 293.

Доколку ракот на дојка откриен во ран стадиум се смета за потенцијално излечив.Оваа болест најчесто се јавува кај жените во повозрасните групи од 45 до 49 и од 55 до 59 години, но за жал сè почесто рак на дојка е дијагностициран и кај млади девојки.

Многу е важно од млада возраст да се започне со преземање на мерки за заштита.

Што треба да направите да го зачувате здравјето на вашите гради и да го намалите ризикот од појава на рак:

-Одржувањето на телесната тежина особено пред и после менструација е еден од главните фактори од заштита на заболување од ваа болест.Не дозволувајте обемот на половината да достигне повеќе од 80cm. Кај они жени кои имаат прекумерна тежина им е многу потешко да се изборат со ракот на дојка по негобото дијагностицирање.

– Колку повеќе алкохол пиете, толку повеќе постои ризик да го зголемувате ризикот од рак на дојка.

-Физичката активност е еден од клучните фактори кој го зајакнува имунитетот, го намалува нивото на естроген а со тоа и појавата на ракот.

-Жените во чие семејство порано имали или пак доколку некој од нив има рак на дојка се изложени на поголем ризик.

-Жените кои дојат го намалуваат ризикот од рак на дојка. Колку подолго го доите вашето бебе, толку поголем е заштитниот ефект барем до шест месеца после бременоста.

-Исхраната мора да биде здрава со многу зеленчук и овошје.Важно е да внесувате витамин Д затоа што тој го зајакнува имунитетот на секоја жена.

-Правете редовен преглед на момографија кој се прави околу 40-тата година на секој две години и само прегледите кој треба да ги правите еднаш во месецот почнувајќи од 20-годишна возраст .