Џими Мицевски сопруг на пејачката Анета Мицевска, кој е музичар во групата “Молика“ денес Основниот суд – Скопје 1 ја донесе првостепената и неправосилна пресуда .
Тој доби казна затвор од 2 години и 6 месеци.
Музичарот е осуден за предметот на поранешното СЈО под кодно име “Транспортер“ за злоупотреби во ученичкиот превоз во Битола. Мицевски исто така е должен да исплати дел од противправно стекнатата имотна корист од околу 1.000.000 денари и има право на жалба до Апелационот суд – Скопје .