Сите граѓани кои скенирале сметки во месец Јануари, Феврури и Март годинава во текот на следниот месец ќе им бидат исплатени 343.803.953 денари или 5,59 милиони евра.
Во изминатиот период се скенирани 49.946.278 фискални сметки, и остварен е промет од 21.957.355.689 денари, со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари, соопшти денеска Управата за јавни приходи.
УЈП од вчера го заокружи третото тримесечје од проектот Мој ДДВ. Направена е споредва со првите два квартала и потврдено е дека зголемување има и кај бројот на корисници кои започнале да ја користат апликацијата МојДДВ, а со тоа и бројот на скенирани сметки и зголемување на повратот на 15 проценти ДДВ кај граѓаните.