
Анкара реши повеќе да не им спречува влез на голем број од мигрантите кои од Сирија доаѓаат по копнен и морски пат.
Поради тоа за првпат голема група мигранти да се обидат масовно да ја преминат границата и се упатувваат право кон Грција.
Турските гранични работници ова утро ги немало на работа изјавил градоначалникот на Орестиаде, Василис Маврадис кој додаде дека голема група мигранти се обидела да влезе преку Кастаниеса.
На социјалните мрежи се објавија информации со видео снимки каде што се наведува дека турското обезбедување сите автобуси со мигранти ги пренасочува на граничните премини во Грција и Бугарија.
Но Грција нема да толерира ниту еден илегален влез на мигранти преку нивната граница и ќе ја зголеми безбедноста на своите граници, изјавил денес премиерот Киријакос Мицотакис.
Грција нема никаква одговорност со ниту еден трагичен случај во Сирија и нема да сноси последици од одлуката која ја носат други луѓе“ – навел тој на Твитер, а пренесуваат од „Ројтерс“.










