Од денеска е задолжително да се носат маски, шал или марама, а оваа уредба е веќе објавена во Службен весник.Доколку не се почитува оваа уредба предвидени се парични казни од 20 евра за физички лица,додека за равни лица казната достигнува и до 2.000 евра.
20 евра казна би добиле сите граѓани кои ќе го прекршат члентот 2 кој гласи:
„Секое домашно или странско физичко лице на територија на Република Северна Македонија е должно да носи лична заштита на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично)“.
Исклучок од ова правило е ако лицето:
– носи посебна лична заштита на лицето во рамки на извршувањето на нивните работни задачи
-престојува во двор на станбена семејна куќа,
– вози велосипед или спортува на отворено како индивидуални спортски активности,
– се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално
растојание од најмалку два метри од друго лице.Со 2.000 казни пак ќе се казнат правните лица кои нема да го почитуваат член 3:
„Сите домашни и странски правни лица на територијата на Република Северна Македонија, се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да обезбедат носење лична заштита на лицето од страна на сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема од член 2 од оваа уредба со законска сила“.
Глоба во износ од 500 евра пак ќе се изрече за прекршок на секое одговорно лице во правното лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила.