
Управата за хидрометеоролошки работи изјави дека ветерот што синоќа дуваше бил со брзина од над 100 километри на час.
Ветерот предизвика штета на голем број фасади на објекти ,откорна дрвја,голем број на покриви од згради се оштетени.
Со брзина над 70 километри тој ги зафатил западните и северните делови од државата.
Изутринава во западните делови има појава на врнежи од дожд, додека пак на планинските места врнежи од снег каде се формирала снежна покривка.
За денес се најавува дека времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд особено во западните делови од државата.На планинските места ќе има врнежи од снег.
Во текот на денот ќе дува умерен до засилен западен ветер во западните делови, додека долж Повардарието северен и со умерен интензитет.
Денешната максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени.










