
Со појавувањето на корона вирусот се зголеми побарувачката на заштитните маски.
Побарувачката за нано-маски исто така беше на високо ниво во времето кога се појави птичјиот грип.
Деновиве читаме дека со зголемениот број на заразени лица во и надвор од Кина, заштитните маски стануваат се побарани па аптеките се соочија си недостиг на маски.
Сепак лекарите советуваат дека маските го намалуваат ризикот од зараза и бактерии но не се и аполутна заштита!
Постојат маски од неколку вида .
Заштитните маски зимскиов период и пред појавата на корона вирусот беа актуелни помеѓу нашите граѓани бидејќи се користат како заштита од загадениот воздух.
Но НЕ секоја маска може да ве заштити!
Прашањео е кое се погласно се поставува и секој сака да го дознае е која е вистинската заштитна маска во моментов?
Хируршките маски се нај широко распространети кои служат за заштита на луѓето од инфекции од разни видови, како и штетни честички од загаден воздух.
Обичните хируршки маски не се ефикасни против вируси и бактерии во воздухот, бидејќи тие се премногу широки, односно не се придржуваат добро кон устата и носот и затоа што немаат филтри и не ги штитат очите.
И покрај овие недостатоци, овие маски, тој верува, можат да помогнат во намалувањето на ризикот од вирусот што се пренесува преку кивање или кашлање, како и пренесување од рака на уста.
„Лекарите исто така потсетуваат дека СИТЕ маски треба да се носат правилно и да се менуваат често и доколку маската не се носи правилно таа може само да го зголеми ризикот од пренесување на самата инфекција.
Затоа,битете внимателни и читајте ги упатствата пред употреба на маската .
Од како таа ќе се одстрани треба и одма да се уништи.
Светската здравствена организација ја насочува таа препорака многу често.
Кога се користи маската таа треба внимателно да се постави над устата и носот, цврсто прицврстена за да се минимизира просторот помеѓу лицето и маската.
Секое допирање на маската додека ја носите ја намалува нејзината корист.
Подолго носење на самата маска и од како таа ќе се навлажни нема веќе заштитна функција затоа препорака е да се замени со сува маска.
Треба да знаете дека таа маска е за еднократна употреба и не е препорачано да се носи постојано истата.
Не се препорачува маската да се носи подолго од 6 до 8 часа, затоа што по тоа време ги губат заштитните својства.
Бидете внимателни како ги чувате вашите чисти маски.Се препорачува тие да не се чуваат во пластични кеси.
До колку сакате да користите маска за заштита од грип, докторите ви ги предлагаат нано маските, а не хируршка маска.
Нано маските имаат и дополнителен филтер направен од наноматеријали и сребрени честички, кои ја неутрализираат негативната честичка од вирусот со нивната позитивна енергија. Читајте ги ознаките и по нив бирајте, на пример маските со ознака N95 заштитуваат од 95 проценти од честичките во воздухот, N99 заштитуваат од 99 проценти од честичките, додека N100 штитат од 99,97 проценти од честичките во воздухот.Мора да знаете дека сите овие наведени маски штитат од честички, но треба да знаете дека не ги елиминираат и мирисите на издувните гасови.










