Home ВЕСТИ Мерки за подобра заштита од коронавирусот, како подобро да се заштитиме?

Мерки за подобра заштита од коронавирусот, како подобро да се заштитиме?

199
СПОДЕЛИ

Кој се конкретни мерки би требало да ги практикуваме што би не заштитило нас но и нашите најблиски!

-Пред се држете доволно растојание од заболени (еден до два метри) при нивна посета задолжително носење на маска;

-Миењето на рацетe редовно и темелно преставува прво правило (рацете да се мијат најмалку дваесет секунди со сапун, се‘ до рачниот зглоб);

-Да се избегнувај ракување и прегрнување;

-Колку што можете да се самозаштитите од околината: на пример копчињата во лифтот не ги притискајте со врвовите на прстите, туку со надворешниот дел од дланката ;

-Избегнувајте ги местата на кои има многу луѓе и јавни собири, одредете свои приоритети;

-Помалку допирајте го лицето или лицата на пријатели или членови на семејството затоа што така најелсно се пренесува вирусот;

-Особено важно е да не ја допирате со прсти слузокожата на устата, очите и носот и воопшто на лицето;

-Кога сте надвор од дома ставете ракавици потоа перете ги или менувајте ги секојдневно;

-Кога искашлувате немојте во дланката, туку во внатрешната страна на лактот;

-Отстранете ги употребените хартиени марамчиња;

-Заштитните маски не се гаранција за ваша заштита.

Затоа што со дишење, маските се навлажнуваат и по дваесет минути заштитната бариера го губи дејството.

Затоа маски би требало да користи само медицинскиот персонал кој е најбиску до овој вирус и има постојан контакт со болни лица;