
Пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ Министерството за здравство информира дека денеска пристигнал резултатот од брисот кој покажал дека е позитивен на Ковид-19. Пациентката беше 76 години,од Скопје.Таа била примена во болница со симптоми на вирусот.
Денеска исто така пристигнаа 12 теста на 12 пациенти од Скопје кои по втор пат се негативни на контролните теста.Тие се лечеа во домашни услуви.
Денеска се потврдени нови 66 случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-10, Куманово-27, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-4, Велес-2, Охрид-5, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.Исто така во последните 24 часа се направени нови 500 теста.
Со новите потврдени случаи на Ковид-19 во нашата земја вкупниот број сега изнесува 974 лица.Бројот на заразени според градови е:
Скопје – 339
Куманово – 262
Дебар – 49
Штип-31
Прилеп –89
Тетово – 43
Струга – 47
Велес – 36
Битола –9
Охрид –9
Кавадарци – 3
Гостивар –10
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 25
Пробиштип – 2
Кичево – 1
Неготино -2










