
Техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот фејсбук профил ги информираше граѓаните дека од утре на сила стапува полициски час во Македонија:
Oваа вечер на седница Владата на Република Македонија донесе одлука за која ќе се воведат најрадикални мерки со цел да се заштитат сите граѓани од коронавирусот.
Од утре се ограничува движењето на сите граѓани (полициски час) во периодот од 21 до 06 часот секој ден!
Кога е здравјето на граѓаните во прашање тука нема компромис, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата.“










