
57 годишна жена од Куманово која беше заразена со ковид 19 денес почина.Нејзиниот 33 годишен син исто така е заразен и е хоспитализиран на Инфективна.
За 24 часа кај нас се дијагностицирани нови 29 случаи на корона вирус што е најмногу за едно деноноќие до сега.
До сега бројот на заболени во земјата достигна до 114. Во Скопје има 65 заразени лица.Голем број на граѓаните не се придржуваат кон сите апели и дека треба да седат дома, Филипче најави дека Комисијата за заразни болести до нашата влада ќе се достават нови мерки за заштита на најзагрозените групи.










