Вечерва на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче објави дека во моментов нашата држава располага со 4.500 тестови, а дека постојано се надополнуваат резервите.
20.000 китови за тестирање се очекуваат да пристигнат како донација за нашата држава.
Според бројот на спроведени тестови за коронавирус на милион жители (со 2.362 теста) сме втора земја во регионот, после Хрватска (со 2.395 тестови) и дека не треба да постојат грижи затоа што државата има доволно тестови за да ги задоволиме потребите .