Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Направете ручек за само 15 минути

Направете ручек за само 15 минути

426
СПОДЕЛИ

Секојдневните обврски и брзиот начин на живот не ни дозволува секогаш да направиме ручек за своето семејство.Поради секојдневните обврски не можеме да постигнеме со сите наши работи.Па поради то јас ќе ви предложам еден лесен, брз но превкусен начин за ручек за кој ќе ви бидат потребни помалце од 15 минути.

Состојки:

  • 400гр. тестенини без јајца
  • Конзервирана туна
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • Конзервиран домат
  • Босилек
  • Маслиново масло
  • Сол, бибер

Подготовка:

• Најпрво во поголем сад загрејте ја водата.

Во тава загрејте го маслиновото масло и пропржете ги ситно исецканиот лук и кромид.

• Одкако ќе зоврие водата, ставете малце сол и додајте ги тестенините и гответе околу 10-12 минути.

• Во тавата ќе ги додадете туната потоа исецканото доматно пире и ќе ја зголемете температурата на огнот за да почне смесата да се крчка.

• Тестенините ќе бидат готови, зачинете ги со готовиот сос, додадете бибер и босилек измешајте и сервирајте ги топли.

• Ако имате кашкавал слободно можете даа додадете во нив.

Наздравје!