Home ВЕСТИ АЛАРМ: На Инфективна примен пациент сомнителен за короновирус

АЛАРМ: На Инфективна примен пациент сомнителен за короновирус

383
СПОДЕЛИ

Пациентот кој се врaтил од Милано вечерва е примен на Клниката за инфективни болести кој се тестира за коронавирус.

-Ја информираме јавноста дека во моментов на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на коронавирус на едно лице со симптоми на грип.

Самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот.

По самото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, и во моментов кај него се прават тестови согласно утврдениот протокол.

– Во следните два часа се очекуваат резултатите, за што веднаш ќе ја известиме јавноста – велат од ресорното министерство.