Се замолуваат сите граѓани без потреба да не се патува во критичните региони во северна Италија, додека сите патниците кои доаѓаат од таму ќе бидат под засилена здравствена контрола на граничните премини и по потреба тестирани.Државата го подигна нивото на заштита и превенција од коронавирусот Ковит 19.
На сите граничните премини се снабдени посебни простории каде ќе бидат сместени патниците кои доаѓаат од ризичните дестинации и ќе се врши првичен скрининг на нивната здравствена состојба.
Со термална камера ќе се следат сите патници кои пристигнуваат на Скопскиот аеродром.
На инфективните одделенија во Штип, Велес и Гостивар обезбедени се одделенија за оние лица кои треба да бидат под карантин и ќе бидат под полициски надзор.