
Дали знаете дека WhatsApp групите и вашите групни четови лесно може да се пронајдат и секој може на лесен начин да се приклучи со вас преку пребарување на Google?
Голем проблем е што корисниците на овааа апликација нема ни да забележат дека се дел од чет кој е јавно достапен и кој може секој да го најде преку Google.
Доволно е само еднаш да влезете во јавна група или дури и ако сте дошле со линк на групата преку пребравање, а не сте „повикан“, можат да се видат сите пораки кои биле пишувани во групата и сите броеви на оние кои се регистрирани таму.
Ги советуваме сите корисници да внимаваат каде споделуваат линкови од своите групни четови.










