Денес Хрватска го потврди првиот случај на коронавирусот .
„Станува збор за помлад маж кој е сместен на Клиниата за инфективни болести во Загреб“, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Исто така тој додаде дека заразениот е во добра здравствена состојба.
„Денеска ги добивме резултатите за хрватскиот државјанин кој престојувал во Милано од 19 до 21 февруари.Пациентот покажувал благи симптоми кој укажуваат на вирусот.Се преземаат сите потребни мерки и здравствените власти се фокусираат околу лицата со кои тој бил во контакт“, кажа Пленковиќ.
Во Риека се тестираат околу девет лица кои биле хоспитализирани по враќањето од Италија.
Директорот на тамошниот Клинички центар кажа дека еден од нив е ставен во изолација поради симптоми што ги имал.