Home ВЕСТИ Во Италија донесена тешка одлука: Лицата над 60 години да не се...

Во Италија донесена тешка одлука: Лицата над 60 години да не се ставаат на респиратори

347
СПОДЕЛИ

Вчерашниот ден во Италија до сега беше еден од најлошите од кога е настанат вирусот. Во вчерашниот ден 792 лица починаа од оваа кобна болест а бројката на заразени од ден во ден е се полоша.

Па поради тоа во Италија се донесе одлука која е многу тешка и не прифатлива за сите но поради преголемиот број на заразени лицата постари од 60 години нема да бидат ставени на респиратори.

Оваа информација ја откри изралскиот доктор Гаи Пелег, кој моментално е на терен во Италија, и кој вели дека допрва ќе следуваат уште поригорозни мерки, бидејќи ситуацијата е се полоша.

Фокусот се става на помладите пациенти, а оние кои се над 60 години се стават во „втор план“. Поради тоа,на лицата над 60 години им е дозволено да се видат и да зборуваат со своите најблиски и покрај забраните и карантинот бидејќи се подготвуваат за најлошото.