Home ВЕСТИ Во САД почина кавадарчанец од Ковид-19, позитивни се и неговата сопруга и...

Во САД почина кавадарчанец од Ковид-19, позитивни се и неговата сопруга и ќерка

292
СПОДЕЛИ

Пепи Тодорчев (58) кој е со потекло од Кавадарци долги години со неговото семејство живеел во Чикаго, САД пред неколку дена починал од корона вирус.

Неговата жена и нивните три деца се исто така позитивни на овој вирус.

Поради овој трагичен настан негови пријатели започнале донаторска акција се со цел да им се помогне на неговото семејство за да може да ги покрие погребалните трошоци, медицински трошоци, кирија, храна и месечни сметки, бидејќи тој бил единствениот кој работел во семејството .

Акцијата е во тек и во моментов се собрани над 40.000 долари а целта е да се соберат над  75.000 долари.